среда, 9 октомври 2024
Собрание

Силјановска: Патот за Брисел не оди преку Софија

Објавено на

часот

Сподели

Таа овие уставни измени ги нарече уставен садомазохизам.

„Сите мој колеги, професори конституционалисти велат дека наметнатите уставни измени не одат рака под рака со европската демократија. ЕУ мора да ги почитува европските вредности. Изборниот законик не се менува во последните шест месеци пред изборите. Ни Уставот не се менува една година пред крајот на мандатот. Од кого ви извира легитимитетот за уставни измени – од ЕУ или од граѓаните. Каде го добивте мандатот за овие измени? Дали го истакнавте ова на последните избори? Според член 2 став 2 од Уставот суверенитетот извира и им припаѓа на граѓаните. Треба ли да ги прашате граѓаните дали се за ваква измена. Колеги, се согласивте на измени, но не сте законодавен орган и не можете да преземате обврски, неповикани да земате туѓи таботи“, рече Силјановска.

Според неа овие уставни измени се спротивни на европските вредности. Силјановска потсети дека од 2009 година во сите извештаи на ЕУ за Македонија нема ниту една забелешка за тоа што ги немаме и Бугарите во Уставот. „Правата на малцинствата се гарантираат во други членови од Уставот, а не во Преамбулата. Во ЕУ се согласни дека треба да се почитува историјата и културата и националниот идентитет на сите држави. ЕУ го прифаќа начелото на немешање во внатрешните работи. Не сме ние против ЕУ, не сме против Бугарија, но член 8 од Лисабонскиот договор повикува на реципроцитет во меѓународните договори. Бугарија е потписник и ја ратификуваше Конвенцијата за правата на малцинствата, но кај нив ги нема Македонците. Лаички е пристапот со измените. Патот за Брисел не води преку Софија. Камбаните овојпат бијат за Македонија и крајно време е да покажеме дека сме пристојна држава која сака на патот кон ЕУ да оди како и сите сегашни членки на ЕУ. Не смее да има преседани. Затоа мислам дека овој предлог не треба да се поддржи, туку треба да се прашаат граѓаните на избори бидејќи оваа власт е целосно делегитимирана“, рече Силјановска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ