петок, 13 декември 2024

Силјановска-Давкова за Денот на албанската азбука: Почитувањето на јазичните разлики нѐ прави демократско мултикултурно општество

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во честитката по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука, истакнува дека унифицирањето на албанската азбука не е само акт на јазична реформа, туку и симбол на стремежот за еманципација и просветување.

Објавено на

часот

Сподели

„ Дваесет и втори ноември е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава. Пред 116 години во Битола е унифицирана албанската азбука, чин којшто ја зацврстил јазичната самосвест на албанскиот народ и создал темел за понатамошен културен и цивилизациски прогрес“, посочува претседателката.

Јазикот, како што истакнува  Силјановска-Давкова, создава простор за разбирање, за соработка и за обединување околу идентитетските вредности. Преку него, различностите стануваат богатство, а иднината – можност за индивидуален и колективен раст.

„Албанскиот јазик и култура се вградени во нашето социјално ткиво и отвораат простор за меѓусебно разбирање и соживот. Почитувањето на јазичните разлики нѐ прави демократско мултикултурно општество. Бевме и остануваме пример на посветеност кон зачувување и унапредување на етничката, јазичната, културната и верската разноликост, овозможувајќи образование на мајчиниот јазик во сите степени, како и слободно и достоинствено изразување на колективната меморија и духовност“, посочува во честитката претседателката на државата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ