среда, 11 декември 2024

Силјановска-Давкова со чешкиот премиер Фиала: ЕУ да не остава нејаснотии за проширувањето

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со премиерот на Чешката Република, Петр Фиала, со кој разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот процес, информираат од нејзиниот кабинет.

Објавено на

часот

Сподели

Силјановска-Давкова ја изразила решеноста од македонска страна за натамошен развој и зајакнување на силното партнерство со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално политичко ниво, така и во доменот на економската соработка.

Таа се заблагодарила за принципиелната и доследна чешка поддршка за македонските евроинтеграции, оценувајќи ја Чешка како важен партнер и силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ.

На средбата, како што информираат од кабинетот, претседателката Силјановска-Давкова посочила на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан, не оставајќи простор за нејаснотии.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ