Како што најави Генералштабот на Армијата, пред врховниот командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, во присуство на министерот за одбрана, Владо Мисајловски, претставниците на Кабинетот на претседателката и генералите во Армијата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе информира за реализацијата на плановите, задачите и состојбата во Армијата во текот на 2024 година.
Брифингот е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант, чија цел е претставување на состојбата во функционалните области кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата.
Претседателката Сиљановска Давкова ќе биде информирана за состојбата и степенот на реализација на активностите во областите на персонален менаџмент, обука и вежби, операции во земјата и странство, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на сили, модернизација, буџетирање и финансирање.