четврток, 16 јануари 2025

Сиљановска Давкова: Достигнувањата на Институтот за тутун значително влијаат на македонската економија

Преку систематско креирање нови сорти тутун и усовршување на веќе признатите, Институтот за тутун ја осигурува не само стабилноста, туку и понатамошниот напредок на оваа индустрија, рече меѓу другото претседателката Гордана Сиљановска Давкова обраќајќи се на денешната свеченост од 100 -годишнината на оваа единствена научна установа од ваков вид во земјава.

Објавено на

часот

Сподели

Свеченоста се одржа во просториите на Институтот.

„Примената на современи агротехнички мерки служи како основа за зголемување на продуктивноста и квалитетот на тутунот. Истовремено, токму таа успешно одговара на прашањата за предизвиците во современото земјоделство. Со употребата на нови технологии и методи за работа, како и интегрирањето на најнови научни откритија, значително се подобрува производниот процес, правејќи ја оваа индустрија мошне поефикасна, поотпорна и одржлива. Институтот се посветува на постојано збогатување како на агротехничките, така и на научните стандарди, што води кон подобар квалитет на тутунот. Овие достигнувања се издвојуваат како плодносни, значително влијаејќи ѝ на македонската економија“, рече Сиљановска Давкова.

За директорката на Институтот за тутун, Валентина Пеливаноска, оваа научна институција од основањето до денес е водечки центар каде се негува научната мисла и сознанијата за тутунот и производството на квалитетен семенски материјал.

„Сметам дека само со квалитетна соработка, со стручна и меѓуинституционална комуникација и со трансфер на знаење, можеме да дадеме придонес кон одржлив развој, не само во секторот тутун, туку и во земјоделството воопшто“, рече Пеливаноска.

Почетоците на Институтот се поврзани со отворањето на првата опитна станица за тутун пред 100 години.

На свеченоста беа доделени плакети и признанија, меѓу другите и на претседателката Сиљановска Давкова и на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ