„Од Брисел во последните минути стигна целосно апсурден предлог да се воведат санкции против министерот за внатрешни работи на Грузија и двајца шефови на полицијата. Тоа е бесмислено, нема основа за тоа и ако добиеме таков предлог, ние, нормално, ќе ставиме вето, во тоа можат сите да бидат сигурни“, кажа Сијарто за новинарите со својата грузиска колешка.
Новата шефица на грузиската дипломатија Мака Бочоришвили престојуваше денес во Будимпешта во својата прва посета на странство.