среда, 16 октомври 2024

Сијарто: Цела Европа тајно тргува со Русија, само Унгарија тоа го прави отворено

Цела Европа продолжува да тргува со Русија, но само Унгарија го прави тоа отворено, кажа министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Антируските санкции не функционираат бидејќи значителен дел од европските компании наоѓаат начин да ја одржат економската соработка со Русија. Цела Европа тргува со Русија. некои тоа го негираат, но ние немаме потреба за тоа. разликата е само во тоа што ние искрено и отворено зборуваме за тоа“, кажа Сијарто по заседанието на Руско-унгарската комисија за економски прашања.

Шефот на унгарската дипломатија истакна дека Будимпешта никогаш нема да мора да негира дека бара руски економски партнери бидејќи во Унгарија тоа не е ништо „грдо“.

Како доказ дека европските компании масовно ги заобиколуваат санкции, Сијарто го истакна наглиот пораст на увозот на руски енергенси во Индија, и извозот од таа држава од земји во Европската Унија.

Претходно Сијарто изјави дека Западна Европа со гордост кажува дека се откажала од руската нафта, но дека всушност продолжува да ја купува од трети земји, на пример Индија.

„Членките на ЕУ се однесуваат лицемерно кога ја критикуваат Будимпешта дека купува нафта од Москва, бидејќи и самите го прават истото, но тајно“, кажа Сијарто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ