петок, 4 октомври 2024

Си Џинпинг: Светот има заедничка иднина, луѓето не копнеат по нова студена војна

Објавено на

часот

Сподели

Тој ова го порача во говорот што го прочита кинескиот министер за трговија Ванг Вентао на бизнис-форумот БРИКС 2023.

Во говорот се наведува дека светот денес станал заедница со заедничка иднина и дека луѓето дефинитивно не копнеат за нова студена војна или за мал ексклузивен блок, туку сакаат отворен, инклузивен, чист и убав свет, кој ужива траен мир, универзална безбедност и заеднички просперитет.

„Промените во светот се случуваат на начини како никогаш досега, доведувајќи го човечкото општество до критична точка“, предупреди Си во говорот насловен Унапредување на солидарноста и соработката за надминување на ризиците и предизвиците и изградба на подобар свет заедно, според Чајна медиа груп (ЦМГ).

Тој додаде дека текот на историјата ќе биде обликуван од одлуките што ќе се носат.

„Дали треба да се стремиме кон соработка и интеграција или само да им подлегнеме на поделбите и конфронтациите? Дали треба да работиме заедно за одржување на мирот и стабилноста или само да месечариме во бездната на нова студена војна? Дали треба да го прифатиме просперитетот, отвореноста и инклузивноста или треба да дозволиме хегемонистичките и насилничките дејствија да нè втурнат во депресија? Дали треба да ја продлабочиме меѓусебната доверба преку размена и меѓусебно учење или треба да дозволиме ароганцијата и предрасудите да ја заматат нашата свест“, додаде Си.

Кинескиот претседател додаде дека е неопходно да се промовираат развојот и просперитетот за сите и дека многу пазари во развој успеале да стекнат независност со истрајност, напорна работа и огромни жртви.

„Треба да постигнеме универзална безбедност. Кина е подготвена заеднички да ја спроведе Иницијативата за глобална безбедност со сите други. Колективниот подем на пазарите во развој и земјите во развој претставени од БРИКС суштински го менува глобалниот пејзаж“, рече тој, додавајќи дека повеќе од 20 земји тропаат на вратата на БРИКС.

Си истакна дека Кина ужива неколку различни предности – социјалистичка пазарна економија во системска смисла, огромен пазар во однос на побарувачката, полноправен индустриски систем во смисла на снабдувањето, и изобилство, работна сила од висок калибар и претприемачи во смисла на човечките ресурси.

Тој исто така нагласи дека кинеската економија има силна отпорност, огромен потенцијал и голема виталност и дека основите за одржување на долгорочниот раст на Кина ќе останат непроменети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ