недела, 13 октомври 2024

Швеѓаните ја сопираат истрагата за Северен тек? Нема одговор на прашањето кој ја извел саботажата

Шведското јавно обвинителство веројатно утре ќе ја затвори истрагата на саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичко Море, објавија неколку германски медиуми, меѓу кои весниците Цајт и Зидојче цајтунг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шведскиот јавен обвинител Матс Љунгвист очигледно сака да продолжи постапката, а евидентно е дека шведските власти не успеале да идентификуваат ниеден конкретен осомничен во својата земја, пренесува германскиот економски портал Виршафтсвохе.

Канцеларијата на обвинителот соопшти дека одлуката за истрагата веројатно ќе биде донесена во среда, но не е наведено каква ќе биде одлуката.

Германската истрага за експлозиите на гасоводите Северен тек ќе продолжи и покрај откажувањето на Швеѓаните. Во септември 2022 година беа забележани неколку експлозии во близина на островот Борнхолм во Балтичко Море, а нешто подоцна беа откриени оштетувања на гасоводите Северен тек кои испорачуваат руски гас во Германија.

Потоа почнаа истраги во Шведска, Германија и Данска. Во ноември 2022 Љунгквист го потврди сомнежот дека станува збор за саботажа откако беа најдени остатоци од експлозив. Во заедничко писмо до Советот за безбедност на ОН во летото 2023 амбасадите на Германија, Данска и Шведска напишаа дека истражителите нашле траги од експлозив на сомнителен брод.

Се наведува дека бродот можеби бил користен за транспорт на експлозивот користен во саботажата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ