Софтверот за препознавање лица ќе се користи за идентификување познати членови на банди и регистарски таблички. Полицијата во поголема мера ќе може да користи дронови.
Предлог-законот се очекува во рок од осум месеци, рече министерот за правда Гунар Штромер. Бран престрелки и експлозии ја потресоа Шведска.
Во септември 11 луѓе беа застрелани и убиени, а една жена загина во експлозија, поврзано со пресметките меѓу бандите вклучени во трговијата со дрога. Меѓу жртвите има малолетници, од кои голем дел се имигранти.