вторник, 8 октомври 2024

Шведска го подигнува нивото на закана од тероризам

Објавено на

часот

Сподели

Нивото на закана е подигнато од третото на четврто ниво. Скалата на потенцијалната закана од тероризам во Шведска има пет нивоа.

Од безбедносната служба САПО наведоа дека подоцна во четврток ќе одржат конференција за новинарите за националната безбедност.

Во последниве месеци противниците на исламот во Шведска и во Данска запалија и оштетија неколку копии од светата книга Куран што предизвика бес меѓу муслиманите низ целиот свет, кои бараат скандинавските земји да го забранат ваквото однесување.

Двете влади го осудија запалувањето и рекоа дека размислуваат за нови закони што би можеле да го запрат ова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ