недела, 6 октомври 2024

Швајцарија: Повеќе од половина од лековите изложени во аптеките се неефикасни

Речиси 60 отсто од лековите изложени во аптеките во Швајцарија немаат медицински докажана ефикасност, покажа студијата на болничкиот центар Бил.

Објавено на

часот

Сподели

Студијата анализирала фотографии од излози од 68 случајно избрани аптеки во Швајцарија, како резултат на што е откриено дека од 970 лекови, само 418 (43,1 отсто) имале докажана ефикасност, пренесува порталот Свис.инфо.

Во студијата, објавена во „Бритиш медикал џурнал опен“, се наведува дека резултатите можат делумно да се објаснат со фактот дека на аптеките не им е дозволено да рекламираат лекови на рецепт, како што се антибиотиците.

„Повеќето изложени се хомеопатски лекови кои никогаш не се покажале ефикасни во ниту една студија. Можете да ги пиете во галони и веројатно нема да имате ниту примарни ефекти, ниту несакани ефекти“, објасни професорот Даниел Жене, кој ја водел студијата.

Сепак, тој посочи дека оваа пропорција сѐ уште е проблематична.

„Ова се изненадувачки резултати кои би можеле да имаат последици и за пациентите“, вели Жене.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ