понеделник, 14 октомври 2024

Шумски пожари ја пустошат Грција, многу населби евакуирани (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот што избувна околу пладне во градот Фили, кој се наоѓа на 25 километри од центарот на Атина, продолжи неконтролирано да гори и се шири во многу правци, што доведе до евакуација на многубројни населби во областа“, објави синоќа јавната телевизија ЕРТ.

Се додава дека главниот фронт на пожарот се приближува до планината Парнита, каде што се наоѓа радарската база на грчкото воено воздухопловство.

Во градот Аспропиргос, кој се наоѓа на 16 километри северозападно од центарот на Атина и каде што има голема индустриска зона, пожарот уништи и сериозно оштети многу фабрики.

Поради пожарот најмалку три населени места во областа се евакуирани, а железничкиот сообраќај на одредени делници е во прекин.

Во североисточниот пристаништен град Александрополис пожарот беснее од викендот, десетици населени места и болници се евакуирани, а преземени се мерки и за евакуација на градот, доколку има потреба.

Портпаролот на Националната противпожарна служба, Јанис Артофиос, изјави дека во Грција наскоро ќе пристигне поголема помош од Европската Унија во рамките на Механизмот за цивилна заштита.

„Ова вклучува противпожарни авиони и противпожарни возила, како и пожарникари“, додаде тој.

Метеоролошкиот оддел на Националната опсерваторија на Атина извести дека меѓу 19 и 21 август изгореле 161.874 хектари шумска површина низ целата земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ