петок, 6 декември 2024

Шпански Паис: Украинската војска има повеќе трупи во Курск отколку на клучните боишта во Донбас

Бројот на украинските сили сконцентрирани во Сумската област, од каде оружените сили на Украина ја нападнаа територијата на Русија, го надминува бројот на украинскиот воен персонал распореден во деловите на Донбас каде што се водат најжестоките борби, пишува шпанскиот весник Паис.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Артилерискиот оган, летовите на авијацијата и движењето на оклопните возила во Суми се толку интензивни што тоа е изненадувачко во споредба со слабите позиции на Украина на клучните жаришта во Донбас“, наведува шпанскиот весник и додава:

„Бројот на војници кои таму ги имаат очигледно го надминува бројот на воениот персонал во бригадите кои се повлекуваат (во Донбас)“.

Според војниците на оружените сили на Украина, ако нешто им е потребно, тоа е оружје, бидејќи „нема збор за недостиг од луѓе во регионот Курск“. Истовремено Паис забележува дека Киев ги распоредил своите најдобри единици за нападот на територијата на Русија.

Наводно, украинската војска во оваа зона на борбени дејства врши ротации на персоналот секои 10 дена, а првично тоа се случувало на околу три дена. Од друга страна во Донбас, во насока на Курахово, според украинските војници, просечното време кое пешадијата го минува на линијата на фронтот пред ротација е околу 25 дена.

И покрај доволниот број луѓе, украинските војници во Курската област се жалат дека имаат одредени проблеми со вооружувањето, муницијата и опремата. Се истакнува дека руските сили имаат надмоќ во воздушниот простор, а шпанскиот весник наведува дека експлозии на „едречки“ бомби се слушаат и во Курската и во Сумската област.

„Русите ги фокусираат своите воздушни напади на нашата логистичка мрежа. Во август, за да дојдеме до борбените позиции, моравме да поминеме 15 километри, па беа 30, а сега се 45 километри“, објаснува војник од составот на 95-тата воздушно-десантна бригада.

Украинските војници се пожалиле и дека имаат и проблеми со комуникацијата, односно дека „не можат да ги користат своите мобилни телефони“, туку дека главно комуницираат со воки-токи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ