петок, 29 ноември 2024

Шпанија, по поплавите, воведува четиридневно платено „климатско отсуство“

Левичарската влада на Шпанија одобри платено „климатско отсуство“ до четири дена за да им овозможи на работниците да избегнуваат патувања за време на екстремни временски услови, еден месец откако во поплавите во земјата загинаа најмалку 224 лица, објави денеска Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Владата најави дека вработените можат да посегнат по опцијата за намален работен ден по периодот од четиридневно отсуство, механизам кој веќе постои во вонредни ситуации.

Неколку компании се најдоа на удар на критики од јавноста по катастрофалните поплави што го погодија регионот на Валенсија на 29 октомври, бидејќи им наредиле на вработените да продолжат со работа и покрај црвеното предупредување издадено од националната метеоролошка служба.

Фирмите соопштија дека властите не ги известиле во соодветна мера и предоцна испратиле телефонски предупредувања за време на најсмртоносните поплави во оваа европска земја во последните децении.

Шпанската министерка за труд Јоланда Диаз изјави за јавниот сервис РТВЕ дека новата мерка има за цел работата „да ја регулира во согласност со климатските вонредни состојби“, така што „ниту еден работник не смее да ризикува“.

Ако службите за итни случаи алармираат за ризикот, „работникот мора да се воздржи да оди на работа“, рече Дијаз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ