Победа на „коцкестите“ им го носеше четвртото место во групата и пласман во четвртфиналето, но не ги искористија своите шанси да дојдат до неа. Само два пати беа во водство, со 1-0 и 3-2, потоа Шпанците поведоа со 8-4, но до крајот на мечот „фуријата“ не успеа сериозно да се одлепи и покрај тоа што го диктираше темпото.
Хрватите успеаја да израмнат на 31-31 на 15 секунди пред крајот, но во последниот напад Гомез постигна гол и ѝ донесе на Шпанија не само пласман во четвртфиналето, туку и трето место во групата поради што ја избегна Данска и ќе игра со Египет.
Хавиер Родригез со 6 гола ја предводеше шпанската репрезентација, но брилјираше голманот Перез де Варгас кој одбрани 14 удари. Срна и Мартиновиќ кај Хрватите постигнаа исто така по шест гола.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
Германија – Франција
Шпанија – Египет
Норвешка – Словенија
Данска – Шведска