понеделник, 9 декември 2024

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Ирска и Норвешка официјално ќе ја признаат палестинската држава, и покрај жестоката реакција на Израел, кој по седум месеци конфликт во Газа е сѐ поизолиран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 140 од 193-те земји-членки на Обединетите нации ја признаваат палестинската држава, вклучувајќи и најголем дел од глобалниот југ, Русија, Кина и Индија.

Мадрид, Даблин и Осло ја опишаа својата одлука како начин да се забрзаат напорите да се обезбеди прекин на огнот во војната на Израел со Хамас во Газа.

Иако декларацијата на трите земји е главно симболична, тие се надеваат дека ќе ги охрабрат и другите земји од ЕУ да го следат примерот.

Шпанија и Ирска ќе бидат најголемите и политички највлијателни земји во 27-члениот блок што ја признаа палестинската држава, приклучувајќи им се на Шведска, Кипар, Унгарија, Чешка, Полска, Словачка, Романија и Бугарија.

Британија, Австралија и членката на ЕУ Малта во последните месеци навестија дека би можеле да го следат примерот.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб во понеделникот изјави дека словенечката влада в четврток ќе донесе одлука за признавање на палестинската држава, по што одлуката ќе биде испратена до парламентот на конечно одобрување.

Но Франција рече дека сега не е време да се признае палестинската државност, додека Германија му се придружи на најверниот сојузник на Израел, САД, во отфрлањето на едностраниот пристап, инсистирајќи дека решението со две држави може да се постигне само преку дијалог.

„Се надеваме дека нашето признавање и нашите причини ќе придонесат другите западни земји да го следат овој пат, бидејќи колку повеќе сме, толку повеќе ќе имаме моќ да воведеме примирје“, рече шпанскиот премиер Педро Санчез на 22 мај.

Трите земји ја признаваат палестинската држава во границите што треба да бидат демаркирани како пред 1967 година, со Ерусалим како главен град на двете држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ