вторник, 15 октомври 2024

Шојгу: Пропаднаа обидите на Украина да ја пробие руската одбрана на источниот и јужниот фронт

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кажа денес дека по речиси четири месеци украинска контраофанзива пропаднале обидите на Украина да ја пробие руската одбрана на источниот и јужниот фронт.

Објавено на

часот

Сподели

„Обидите на непријателот да ја пробие нашата одбрана во областите на Вербове и Роботине во правец на Запорожје пропаднаа“, кажа Шојгу.

Вербове и Роботине се села на југот на Украина каде веќе со месеци се водат силни борби и каде Украина тврди дека нејзините трупи напредувале во зоната на првата линија на руската одбрана.

Шојгу кажа дека руската војска ги одбила сите напади во насока на Соледар-Бахмут на источниот фронт, а украинските трупи во секторот јужно од таму тврдеа дека зазеле две села.

Шојгу кажа дека руските трупи успеале „значително да го ослабат потенцијалот на непријателот за борба и му нанеле голема штета“.

Украинската контраофанзива почна на почетокот на јуни по испораките на западни тенкови на Киев и формирањето бригади обучени на Западот, но со месеци удира во силните руски одбранбени линии со мински полиња, ровови и замки.

Украинската војска засега успеа само да преземе контрола врз неколку села.

Шојгу вети дека 130.000 граѓани на Русија кои оваа година одат на задолжителен едногодишен воен рок нема да бидат испратени во Украина и повтори дека Москва не предвидува мобилизација како во септември 2022 година кога ангажираше 335.000 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ