Шкендија без поголеми проблеми го совлада Вардар во дербито под Шара. Тетовскиот тим можеше да поведе уште во 23. минута, но Тотре промаши пенал.
Сепак до крајот на првото полувреме Чинари даде два гола за водство на Шкендија од 2-0.
По десетина минути игра во вториот дел Дита ги постави конечните 3-0.
Шкендија профитираше во ова коло бидејќи Струга одигра 0-0 на гостувањето кај Силекс, а Шкупи во Чаир не го победи Тиквеш, и тој меч заврши без голови.
Сега на врвот Шкупи е прв само со бод повеќе од Струга и Шкендија.
Воска оствари голема победа во борбата за опстанок откако со 2-1 славеше на гостувањето кај Македонија ЃП. Тоа беше деби триумф за Захариевски во новиот клуб.
Работнички со 2-0 ја совлада Брегалница, со истиот резултат Гостивар беше подобар од Брера.
Резултати 21. коло:
Шкендија – Вардар 3-0
Шкупи – Тиквеш 0-0
Силекс – Струга 0-0
Работнички – Брегалница 2-0
Македонија ЃП – Воска 1-2
Гостивар – Брера 2-0
Табела: Шкупи 43, Струга 42, Шкендија 42, Силекс 29, Гостивар 29, Работнички 27, Брера 26, Тиквеш 26, Воска 24, Вардар 21, Брегалница 20, Македонија ЃП 18