Денеска стартуваше новата сезона во ПМФЛ, шампион Струга одбраната на титулата ја почна со минимална победа од 1-0.
Струга до трите бода стигна во 89. минута, Компаоре погоди за славје во пресметката против Тиквеш.
Шкендија беше сигурна на гостувањето кај Беса и славеше со 1-3, додека пак Шкупи се спасуваше од пораз против Воска и со два гола во финишот обезбеди реми од 3-3.
Работнички со 1-0 го совлада Силекс, додека пак Пелистер одигра 1-1 против Гостивар.
Вечерва се игра и последниот натпревар од ова прво коло, Вардар гостува кај Брера во Струмица.