среда, 16 октомври 2024

Шест пливачки и девет пливачи пријавени за утрешниот 36. Охридски пливачки маратон

Објавено на

часот

Сподели

Шест натпреварувачки во женска и девет во машка конкуренција утре ќе го пливаат 36-тиот Охридски пливачки маратон од Свети Наум до Охрид, што се одржува во организација на Општина Охрид и Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на синоќешното претставување на маратонците посочи дека Охридскиот пливачки маратон е вистинска гордост за локалната заедница и државата, бидејќи го промовира Охрид како одлична локација за спортски настани и привлекува пливачи од целиот свет.

„Од една страна, маратонската трка на Охридското Езеро го насочува вниманието кон спортот и физичката активност, а од друга страна го поддржува туризмот и свеста за природното богатство и непроценливото културно наследство“, истакна Пецаков.

Организаторите на најпознатата меѓународна спортска манифестација во земјата традиционално ја доделија спортската награда „Климе Савин“ за 2023 што годинава му припадна на пливачката легенда Томи Стефановски, а признанија беа доделени до „Костал“, „ЈК Травел“ и на спортскиот коментатор во пензија, Атанас Костовски.

Охридскиот пливачки маратон ќе се плива утре на патеката „Климе Савин“ долга 25 километри. Стартот е кај Свети Наум, а целта на Градскиот кеј. Наградниот фонд изнесува 12 илјади евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ