понеделник, 7 октомври 2024

Шефовите на ЦИА и МИ6 во ретка заедничка изјава апелираа за мир во Газа

Шефовите на американските и британските разузнавачки агенции, во ретка и заедничка изјава од ваков вид изјавија дека „континуирано работат“ на прекин на огнот во Газа и дека бараат мир.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс и шефот на британскиот МИ6, Ричард Мур изјавија дека нивните агенции „ги користат своите разузнавачки канали за силно да поттикнат задржување (војна) и деескалација“.

Во написот за Фајненшл тајмс, двајцата извршни директори рекоа дека прекинот на огнот во војната меѓу Израел и Хамас „може да стави крај на страдањата и страшните загуби на животи на палестинските цивили и да ги врати дома заложниците (Хамас) по 11 месеци пеколно заробеништво“.

Барнс беше силно вклучен во напорите за прекин на борбите, патувајќи во Египет во август на разговори на високо ниво, со цел да се постигне договор за заложниците и барем привремено да се стави крај на конфликтот.

Засега нема договор, иако официјалните лица на Соединетите Американски Држави инсистираат дека договорот е блиску.

Американскиот претседател Џозеф Бајден неодамна изјави дека „уште неколку прашања“ остануваат нерешени.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, сепак, рече дека извештаите за напредок во разговорите се „целосно лажни“.

САД и Обединетото Кралство се цврсти сојузници на Израел, иако Лондон во понеделникот се отцепи од Вашингтон со суспендирање на извозот на оружје за Израел поради ризикот да се користи за кршење на меѓународното право.

Брнс и Мур, исто така, ја нагласија силата на трансатлантските односи во време на „невидена низа закани“, вклучувајќи ги Русија, Кина и тековната закана од меѓународниот тероризам.

Тие укажаа на руската „непромислена кампања на саботажа“ низ Европа и „циничната употреба на технологијата за ширење на лаги и дезинформации дизајнирани да забиваат клинови меѓу нив“.

Американските власти долго време ја обвинуваат Москва за мешање во американските избори, оваа недела администрацијата на Бајден блокираше веб-страници управувани од Кремљ и ги обвини вработените во руската телевизија РТ за тајно финансирање кампањи на социјалните мрежи за промовирање на пропагандата на Кремљ и влијание на претседателските избори во САД во ноември.

Двајцата директори ја истакнаа „новата ера на отвореност“ во нивната област, истакнувајќи дека и ЦИА и МИ6 декласифицирале разузнавачки информации за планот на Русија да ја нападне Украина пред Москва да го стори тоа во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ