недела, 23 март 2025

Шефот на унгарската дипломатија: Студентските протести во Србија се обид за дестабилизација

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто кажа дека во студентските протести во Србија, кои траат од уривањето на стреата на железничката станица во Нови Сад, гледа „обид за дестабилизација на Србија“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Гледам обид за дестабилизација на Србија и, колку што разбирам, тоа не потекнува од самата земја туку од странство“, кажа тој во интервју за Радио телевизија Србија.

Според него, во интерес на Унгарија е Србија да остане стабилна. „Тоа е добро за Унгарците кои живеат во Србија и за Унгарија поради соработката на двете земји“, кажа Сијарто додавајќи дека Будимпешта „ѝ верува на владејачката коалиција во Србија и се надева дека обидот за дестабилизација нема да успее“.

Тој кажа дека Србија е најсилната земја на Западен Балкан и дека Унгарија верува дека е во интерес на Европската Унија Србија да биде нејзина членка. „За Унгарија тоа би била добра вест“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ