Покрај билатералните односи меѓу двете земји на средбата со Османи, а потоа и со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, централно место во разговорите се очекува да биде забрзувањето на пристапниот процес процес на Макеоднија во Европската Унија, во светло на претстојното претседавање на Шпанија со Советот на ЕУ. Во таа насока, предвидено е и потпишување на билатерален Меморандум за разбирање за развој на соработката во процесот на пристапување во ЕУ.
На средбите ќе се разговара и за можностите за продлабочување на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење.
Посетата на Албарез на Македонија е дел од неговата балканска турнеја. Тој завчера беше во Белград, вчера во Сараево, а денеска пред Скопје ќе ја посети и Тирана.
Шпанското МНР соопшти дека Албарес доаѓа на Балаканот за да го пренесе обновениот интерес на Мадрид за земјите од регионот и да најави дека Шпанија, откако ќе го преземе претседавањето со ЕУ на 1 јули, ќе ги поддржи нивните напори да и се приклучат на Унијата.
Фото: МНР Шпанија