петок, 6 декември 2024

Шефот на руските разузнавачи: Ќе му се одмаздиме на НАТО ако ѝ помогне на Украина во нападите

Русија ќе им се одмазди на земјите од НАТО кои ќе ѝ помогнат на Украина во нападите со ракети со долг дострел на руска територија, најави шефот на руската разузнавачка служба Сергеј Наришкин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Наришкин кажа дека промената на руската нуклеарна доктрина која ја најави претседателот Владимир Путин значи дека е всушност невозможно да се порази Русија на бојното поле.

„Нашите непријатели се присилени да признаат дека решителноста на рускиот претседател цврсто да ги брани темелните интереси на земјата со сите расположливи средства го скратува маневарскиот простор за Вашингтон и Брисел“, кажа тој за магазинот Нешнал дифенс.

Обидите на одделни НАТО сојузници да учествуваат во спроведувањето на можните напади со западно оружје на руска територија нема да помине неказнето“, додаде Наришкин.

Украина вчера употреби американски ракети АТАКМС за напад на руска територија, со новата дозвола од владата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден.

Путин истиот ден одобри документ со кој Русија го спушта прагот за користење нуклеарно оружје како одговор на напади на непријател кој користи конвенционално оружје.

„Воено-политичките елити на Западот стануваат посвесни за сериозноста на руските намери и потребата за поголема воздржаност за да не влезат во директен воен конфликт со нашата земја, што може да доведе до катастрофални последици за нив“, истакна Наришкин.

Тој оцени дека промените, кои Путин ги најави во септември, на Западот „се дочекани со внимание“.

„Тие разбираат дека прилагодувањата кои ги најави Пушкин ги обезвреднуваат напорите на САД и НАТО „стратегиски да ја поразат“ нашата земја, а планираното проширување на листата на причини за употреба на нуклеарно оружје всушност ја исклучува можноста за победа над руските оружени сили на бојното поле“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ