„Иако и самиот е полицаец шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога. Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога. Напад на полицијата, напад на полицајците е напад врз државата. танува збор за истиот Ивица Бисовски кој во време на ковид пандемијата беше заедно со Мицкоски во теретаната а потоа и во кафана на Боемска улица иако беше забрането. ДПМНЕ секој ден го покажува своето вистинско насилничко и криминално лице. Доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада. ВМРО-МВРО е на дело, повторно. Овој скандал отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и ВМРО-МВРО. Очекуваме одговори од министерот Тошковски и од Христијан Мицкоски. Овој скандал мора да биде расчистен целосно. Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност, а Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни“, реагираат од СДСМ.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски веќе реагираше со осуда за насилството и побара од институциите да ги расчистат случајот.