сабота, 23 ноември 2024

Шефот на НАТО се сретна со Доналд Трамп: Разговараа за сите проблеми на светската безбедност

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, изјави портпаролот на Атлантската алијанса.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Тие разговараа за сите проблеми на светската безбедност со кои се соочува Алијансата“, изјави денеска портпаролот Фарах Дахала во куса изјава, без да даде дополнителни детали.

Руте, поранешен холандски премиер, изјави дека сака да се сретне со Трамп по неговиот избор за нов американски претседател на 5 ноември.

Тој изјави дека сака да разговара со Трамп за заканата од односите меѓу Русија и Северна Кореја.

„Брзам да седнам со претседателот Трамп и да видам како колективно ќе се погрижиме да се соочиме со оваа закана“, рече Руте на 7 ноември, на маргините на самитот на европските лидери во Будимпешта.

Руте оттогаш продолжи да предупредува на опасностите од зближувањето меѓу Кина, Северна Кореја и Иран, трите земји обвинети дека ѝ помагаат на Русија во нејзината војна против Украина.

Тој тврди дека соработката на Русија со Северна Кореја, Иран и Кина не претставува закана само за Европа туку закана и по мирот и безбедноста во Индо-пацифичкиот регион и во Северна Америка.

Европските земји исто така се загрижени поради ветувањето на Трамп дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа, плашејќи се дека тоа ќе се направи со договор кој ќе биде против интересите на Киев и ќе ги остави настрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ