„Кина е таа која го овозможува производството на голем дел од оружје кое го користи Русија“, кажа Столтенберг и го предупреди Пекинг дека „континуираното разгорување на војната“ може негативно да влијае на неговите интереси и углед. „Ја повикувам Кина да престане да ја поддржува руската нелегална војна“.
Кина постојано ги оценува сличните изјави на НАТО како злонамерни и необјективни. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во јули кажа дека не сака Кина да дејствува како посредник, но дека се надева дека Пекинг ќе изврши поголем притисок врз Москва да ја прекине војната.