вторник, 11 февруари 2025

Шефот на НАТО: Два отсто од БДП за војската беше одредено пред 10 години, тоа повеќе не е доволно

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги повика денес земјите членки на НАТО да трошат за војските повеќе од сегашната цел од два отсто од бруто домашниот производ (БДП), колку што беше одредено пред десет години, оценувајќи дека тоа сега е премалку. Руте ова го кажа во Лисабон по состанокот со португалскиот премиер Луис Монтенегро, кој го повтори ветувањето дека неговата земја ќе ја достигне целта од два отсто од БДП во 2029 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во 2023 година Португалија за обврските во НАТО потрошила 1,5 отсто од БДП. „Знаеме дека целта од два отсто, одредена пред десет години, нема да биде доволна за да се одговори на предизвиците на утрешнината. Тоа значи дека сега ќе мораме да трошиме повеќе за нашата одбрана“, кажа Руте.

Државите членки ќе разговараат дали треба да ја зголемат целта од два отсто на самитот во Хаг ова лето, под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп трошењето за одбраната да го зголемат на пет отсто од БДП, што во моментов не го исполнува ниедна членка на западниот воени пакт.

Руте ги повтори западните обвинувања дека Русија настојува да ги дестабилизира членките на НАТО со хибридна војна, водејќи во исто време „брутална агресорска војна“ против Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ