среда, 11 декември 2024

Шефот на израелската дипломатија за создавање палестинска држава: Со еден збор? Не

Желбата за формирање палестинска држава „во овој момент не е реална“, кажа израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар на прес-конференција во Ерусалим. „Да ви одговорам со еден збор? Не“, одговори Сар, на прашањето за повторно придвижување на таканаречените Абрахамови договори по изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави и за можноста за нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија во замена за формирање палестинска држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Споменатите договори, кои ги промовираше Трамп за време на својот прв мандат, овозможија нормализација на односите на Израел со неколку арапски земји – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Мароко. „Палестинската држава би била држава на Хамас. И мислам дека таквиот проект денес не е реален, а ние мораме да бидеме реални“, додаде Сар.

Сар на конференцијата за медиуми потсети на мировниот процес од Осло почнат во 1990-тите. Тој процес и израелското повлекување од Појасот Газа во 1005 година „не само што не донесоа мир, туку, како што видовме, ја компромитираа нашата безбедност“, изјави израелскиот министер.

Хамас ја презема власта во Газа во 2007 по повлекувањето на Израелците, а „ние сега не сакаме тоа да се случи во Јудеја и Самарија“ (израелски називи за Западниот брег, кој Израел го окупира од 1967)“, кажа Сар.

На првата прес-конференција одржана откако пред неколку дена ја презема новата функција Сар сметаше дека е важно да потсети дека, за разлика од Обединетите нации и повеќето држави во светот, Израел не смета дека „Јудеја и Самарија се окупирани територии, туку спорни територии“. Таму за време на окупацијата се доселени повеќе стотици израелски доселеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ