„Многу луѓе сакаат војната што побрзо да заврши. Пред сè, самите Украинци. Но важно е како. Ако претстанеме да ја поддржуваме Украина, за петнаесет дека војната ќе заврши и (рускиот претседател Владимир) Путин ќе ги постигне своите цели. Но дали го сакаме тоа за Украинците и за безбедноста на нас, Европејците?“, кажа шефот на дипломатијата на ЕУ за шпанскиот весник 20 минутос.
Тој повтори дека сојузниците на Киев мора да направат сè што е во нивна моќ за Украина, кога ќе дојде време за преговори со Русија, би можела да ги води „под услови кои се поволни за суверенитетот и територијалниот интегритет“.
Зборувајќи за конфликтите на Блискиот Исток, Борел кажа дека надворешната политика на ЕУ во основа е област во која нејзините држави членки се согласуваат, речиси секогаш едногласно, но дека постојат различни ставови за правото на Израел да напаѓа други држави.
„Се сложивме недвосмислено да го осудиме тероризмот на Хамас, да ја деескалаираме ситуацијата, дека мора да дојде до прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, како и дека мора да се примени двонасочно решение. Но, секако постојат различни ставови за тоа како Израел го остварува правото на самоодбрана, што сигурно спречи ефикасни мерки во тој поглед“, кажа Борел и повтори дека континуираното убивање на цивили во Газа укажува на тоа дека меѓународното хуманитарно право не се почитува.
„Поголемиот дел од меѓународната заедница се залага за формирање палестинска држава на што, за жал, се противи (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху. Формиравме глобален сојуз на држави за да се постигне оваа цел. Ова е од суштинско значење, бидејќи без тие две држави никогаш нема да има ни мир ни безбедност во регионот, особено за самиот Израел“, оцени Борел.
Тој додаде дека регионална војна би била „несомнено лоша“ вест за Европа, бидејќи Блискиот Исток е во европското соседство, но и за светот во целина. Борел наведе дека признавањето на палестинската држава е одговорност на секоја држава членка на ЕУ. „Тоа е симболичен чекор од политичка природа кој претставува посветеност на наоѓањето решение. Со тоа се признава повеќе од држава, волја таа држава да постои“, заклучи Борел.