вторник, 15 октомври 2024

Шефицата на косовската дипломатија: Ако меѓународната заедница продолжи да ги толерира постапките на Србија, ќе дојде до нова војна

Косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала Шварц во изјава за германски медиуми се закани со избивање нова војна на Балканот. „Ако меѓународната заедница и понатаму ги толерира постапките на Србија, ќе дојде до нова војна“, кажа Гервала Шварц за јавниот сервис Дојчландфунк и од меѓународната заедница побара преземање мерки против Србија.

Објавено на

часот

Сподели

„(Српскиот претседател Александар) Вучиќ ќе сопре само ако Европската Унија воведе санкции против Србија. Исто така треба да се закани со замрзнување на преговорите за членство во Европската Унија ако Белград не ги предаде одговорните за настаните од пред осум дена и не се откаже од напади врз Косово и сите останати земји во регионот“, кажа косовската министерка и вицепремиерка.

Таа кажа дека „Србија сака да создаде нови факти“ за да го присили Косово на преговорите во Брисел да се согласи на територијални отстапки. „За среќа не успеа обидот пред осум дена, но никој не знае што носи иднината… Целта на Белград е окупација на дел од косовската територија. Ова не е првпат Вучиќ на границата со Косово да постави војска“, кажа таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ