„Сè што правиме за поддршка на Украина значи и поттикнување на стабилизацијата во однос на Молдавија. Јасно е што е најголемата грижа на луѓето тука: ако падне Украина, Молдавија е следната земја на ред“, кажа Бербок.
Шефицата на германската дипломатија е во посета на Кишинев на министерска средба на Молдавската партнерска платформа, заедно со претставници на Франција и Романија.
Германија, еден од главните воени поддржувачи на Киев во Европа, ја иницираше платформата по почетокот на конфликтот во Украина во 2022, претставувајќи ја како дел од пошироките напори да се стабилизира економијата на Молдавија и да се заштити од Русија.
Претседателката на Молдавија Маја Санду кажа дека таа земја сè уште се соочува со сериозни предизвици и ги повика партнерите да ја засилат својата поддршка.
„Руската војна против Украина, на која сведочиме од првиот ден, ѝ нанесе голема штета на нашата економија. Неизвесноста предизвикана од војната и понатаму сериозно го кочи нашиот економски развој и ќе го кочи сè додека трае војната“, кажа Санду.