четврток, 20 март 2025

Шеф на наркомафија од Македонија уапсен на аеродромот во Женева

30 годишен нарко-шеф од Македонија баран по потерница од ЕУ распишана 2022 година бил уапсен на аеродромот во Женева, Швајцарија, по што бил екстрадиран во Австрија, објави германскиот портал Блик.цх.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што пишува порталот, Македонец, кој важи за водечки член на нарко-мафија ширум Европа, е уапсен на аеродромот во Женева. Тој од 2022 година се барал по потерница на ЕУ со налог за негово апсење.

Според информациите на порталот, Јавното обвинителство во Линц, Австрија го сомничи дека, меѓу другото, стои зад шверцот на четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет.

Се претпоставува дека уапсениот Македонец, за да ги прикрие трагите го сменил името и досега успешно се криел надевајќи се дека швајцарската полиција нема да го препознае. Сепак тој бил уапсен на 29 јануари годинава на аеродромот во Женева.

Откако истражните органи го откриле тоа, налогот за апсење бил променет, а осомничениот Македонец уапсен.

По апсењето, осомничениот нарко-шеф бил екстрадиран во Австрија и во моментов се наоѓа во затвор во градот Линц.

Според „Кронен цајтунг“, уапсени се и други мажи кои се поврзани со шефот на мафијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ