По тешката повреда на Тер Штеген, Барселона почна да разгледува опции за ангажман на нов голман и се чини дека изборот падна на Војчех Шчесни, кој ќе се врати од пензија за да го облече дресот на „каталонците“.
Медиумите од Шпанија сега откриваат дека Војчех Шчесни разговарал со својот сонародник Роберт Левандовски.
Тoј го известил напаѓачот на Барселона дека ќе потпише само под еден услов, односно доколку биде прв избор помеѓу стативите.
„Од она што разбрав, имало телефонски разговор помеѓу Левандовски и Шчесни, голманот му кажал дека ќе потпише само доколку е стартер и дека нема поента да оди во Барселона и да седи на клупа“ – објаснува новинарот Матеу.