Во финалето, 23-годишната Американка беше во сенка на фаворизираните Јамајканки, Шели-Ен Фрејзер Прајс и Шерика Џексон, а во таква насока и почна трката. Двете стартуваа одлично и изгледаше дека ќе ја остават конкуренцијата зад себе, но Ричардсон извади од себе жестока завршница. Во последните 40-тина метри ги нападна и ги престигне Јамајканките, а кога ја мина целта часовникот застана на 10.65. Тоа е нов рекорд на светските првенства и нејзин личен, подобар за шест стотинки од досегашниот. Џексон заврши втора, а петкраткната шампионка, 36-годишмаѕа Фрејзер Прајс на третото место.
Ова е деветта титула на „стотка“ за Американките на светските првенства а Јамајка остана на шест.
Ша-Кари Ричардсон ја нарекуваат наследничка на Флоренс Грифит Џојнер, поради исклучителниот талент и експлозивноста, но и поради долгите нокти, кои беа заштитен знак на светската рекордерка во 80-тите години на минатиот век.
Sha’Carri Richardson wins the Women’s 100M final pic.twitter.com/BuYAu3EwCP
— CJ Fogler account may or may not be notable (@cjzero) August 21, 2023