Војникот преминал во областа Госеонг на источниот брег, кој граничи со Северна Кореја, и бил приведен од јужнокорејски стражари кои го следеле неговото движење, наведува агенцијата, повикувајќи се на јужнокорејската војска.
Официјален претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана изјави дека војската привела лице за кое се верува дека е Севернокореец и дека властите ги истражуваат мотивите зад преминот. Официјалниот претставник одби да даде повеќе детали.
Јонхап објави дека севернокорејскиот војник бил водник прва класа.
Ројтерс потсетува дека жител на Северна Кореја пребегнал на југ на почетокот на овој месец на западниот брег. Пребегнувањето на Севернокорејците преку граница се смета за ризично и релативно ретко, а повеќето дезертери одат во Јужна Кореја преку Кина или други земји, пишува агенцијата.