вторник, 15 октомври 2024

Северна Кореја тестираше нови ракети користејќи супер-големи боеви глави

Северна Кореја денеска соопшти дека нејзиниот претседател Ким Џонг Ун го надгледувал тестирањето на два типа ракети – едната способна да носи „супер-голема конвенционална боева глава“ другата, најверојатно наменета за нуклеарна боева глава, пренесува Асошиејтед прес.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Се соопштува и дека Ким Џонг Ун повикал на зајакнување на конвенционалното оружје и нуклеарните капацитети.

Според Асошиејтед прес, се претпоставува дека овие тестирања се оние кои вчера ги пријави јужнокорејската војска, ова беше втор пат во една недела Северна Кореја да тестира ракети.

„Тестовите за подобрување на способностите за оружје се неопходни поради сериозната закана што ја претставуваат надворешните сили за безбедноста на земјата“, рече претседателот Ким, пренесува денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Севернокорејскиот претседател ја нагласи „потребата да се продолжи со зајакнувањето на нуклеарните сили и да се поседуваат најсилни воено-технички способности и супериорни офанзивни способности во областа на конвенционалното оружје“, пренесе КЦНА.

Вчерашните тестови вклучуваа нова тактичка балистичка ракета „Хвасонгфо-11-Да-4.5“, објави КЦНА, наведувајќи дека таа е дел од серијата балистички ракети со краток дострел што ги развива, некои од нив се верува дека биле извезени во Русија.

Официјални лица од Киев и независни експерти рекоа дека има индиции дека некои од ракетите што Русија ги користела во војната против Украина се произведени од Северна Кореја.

Ракетата била монтирана со супер-голема конвенционална боева глава од 4,5 тони, тестовите вклучиле и стратешка крстосувачка ракета која била надградена за борбена употреба.

Северна Кореја ги критикуваше воените вежби на јужнокорејските и американските воени сили, вклучително и големата вежба спроведена ова лето. Сојузниците велат дека вежбите имаат одбранбен карактер и имаат за цел одржување на подготвеност против каква било „севернокорејска агресија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ