среда, 4 декември 2024

Сеул: Русија ѝ достави на Северна Кореја противвоздушни ракети во замена за испраќање војници

Русија ѝ доставила на Северна Кореја противвоздушни ракети во замена за испраќањето војници, изјави денеска висок јужнокорејски функционер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД, Јужна Кореја и други велат дека Северна Кореја испратила повеќе од 10.000 војници во Русија за да помогнат во нејзината војна против Украина. Во фокусот на вниманието се најде прашањето што можела Русија да ѝ даде на Северна Кореја за возврат.

Директорот за национална безбедност Шин Вонсик денеска за ТВ СБС изјави дека Јужна Кореја открила дека Русија обезбедила противвоздушни ракети и друга опрема за да ја зајакне воздушната одбранбена мрежа на главниот град Пјонгјанг.

Шин вели дека Русија ѝ дала и разновидна економска помош на Северна Кореја, пренесува АП.

Сеул и Вашингтон изразија загриженост поради можните руски трансфери на чувствителна нуклеарна и ракетна технологија во Северна Кореја.

Јужнокорејската шпионска агенција им соопшти на пратениците во средата дека и Северна Кореја неодамна испратила дополнителни артилериски системи во Русија. Минатиот месец, Националната разузнавачка служба соопшти дека Северна Кореја испратила повеќе од 13.000 контејнери со артилерија, проектили и друго конвенционално оружје во Русија од август 2023 година за да ги надополни нејзините сѐ помали резерви на оружје.

Претходно оваа недела, Северна Кореја и Русија постигнаа нов договор за проширување на економската соработка по разговорите на високо ниво во Пјонгјанг оваа недела, објавија државните медиуми на земјите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ