вторник, 5 ноември 2024

Сестра ми 15 години работи во М-НАВ, вели министерот Османи и негира улога во вработувањето

Немам никаква улога во вработувањето на сестра ми во М-НАВ, вели министерот Бујар Османи нагласувајќи дека таа таму работи повеќе од 15 години, пред тој да стане министер за надворешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас немам никаква улога во тоа. Работи од пред 15 години. За критериумите ќе ги прашате во М-НАВ. Јас немам никаква улога во тоа. Тоа е 12 години пред јас за станам министер за надворешни работи. Оваа тема е користена на сите избори во последните 15 години, а јас истото објаснување го давам. Очигледно изборите го прават тоа, па ќе играме по тие ноти“, одговори Османи на прашањето што го поставува и опозицијата.

Инаку, ДУИ, партијата на Османи, е 20 години во власта. Османи беше и министер за здравство во периодото јули 2008 – јули 2011 година.

Покрај сестрата на министерот Османи, во М-НАВ се вработени и роднини на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ