„Со секојдневното објавување „сензации“ или „ексклузивни сознанија“ (кои најчесто се полни со невистини или полувистини), проследени со фотографии од малолетниот убиец, како објави и настапи на сожалување од одделни медиумски работници, политичари и други учесници во јавниот живот се постигнува само тоа повторно да нè трауматизирате“, пишуваат тие.
На медиумите понатаму им порачуваат дека со тоа „во општеството го храните и негувате култот на насилството и злото. За ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, децата и нивниот чувар – жртвите се тие кои треба да ги памти секој граѓанин, а не убиецот кој ги згасна нивните животи“, се наведува во писмото.
Во отвореното писмо уредниците на медиумите се повикуваат да престанат да објавуваат текстови и прилози за убиецот и неговото семејство „и изјави чија цел е каков било облик на релативизација или величење на неговото злосторство“.
Се наведува и: „Трето, престанете да објавувате какви било фотографии од малолетниот убиец и направете сè што е во ваша моќ фотографиите кои се во моментов достапни на интернет страниците на медиумските куќи во кои вршите клучни функции да бидат избришани. Исто така бараме во кој било текст или прилог за жртвите да не се објавуваат фотографии од извршителот на злосторството или неговото семејство“.
Уредниците и медиумите се повикани и низ призмата на текстовите за децата кои настрадаа во „Рибникар“, да пишуваат со уверување „дека извршителот на злосторството и неговото семејство не смеам да добијат ни една буква на поддршка во јавните гласила“.
„Силно веруваме дека граѓаните на Србија се на страната на доброто, против злото, дека ги интересираат приказни од животите на убиените деца, нивните добри души, вредностите и талентите кои ги негувале; нивниот чувар Драган, кој правеше секое дете да се чувствува посебно, нему омилено и важно“, наведуваат семејствата.
„Чувствуваме потреба и одговорност да ви пренесеме како ние, родителите чии деца се убиени, секој ден се чувствуваме, минувајќи пред киосците со вашите весници, следејќи ги телевизиските програми и социјалните мрежи. Тоа е нанесување секој ден, секој час, секој момент, повторно и одново неопислива болка“, се наведува во писмото.