Во составот се враќа Симона Маџовска која поради повреда го пропушти баражот за СП против Украина и средбите со Азербејџан и Литванија. По подолго време во националниот тим нема да биде Моника Јанеска која ќе паузира во наредниот период поради бременост.
Собирот на ракометарките е на 25 февруари, а првиот од двата дуели со Шпанија е на 29 февруари во СЦ „Борис Трајковски“. Реваншот е на 3 март во Ланцароте.
Македонија со двете досегашни победи над Литванија и Азербејџан речиси сигурно обезбеди пласман на ЕП, а сега со Шпанија ќе се бори за првото место во групата, кое носи подобар ранкинг на ждрепката.