понеделник, 14 октомври 2024
Нова кулминација на расколот во АА

Села побара од премиерот да ги разреши министрите Меџити и Алиу

Кадровската комисија на Алијанса за Албанците донесе одлука за разрешување на Азир Алиу и Фатмир Меџити, двајцата министри од редовите на партијата кои му изразија поддршка на лидерот Арбен Таравари. Соопштението е трето по ред денеска во името на Алијанса за Албанците зад кои стои претседателот на Централното собрание и поранешен партиски лидер, Зијадин Села.

Објавено на

часот

Сподели

„Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од 5 гласа, одлучи да му предложи на премиерот разрешување на министерот за информатичко општество и администрација и на министерот за здравство.

Оваа одлука е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и денешното јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер“, се вели во сопоштението.

Барањето до техничкиот премиер се однесува на министрите Алиу и Меџити, кои веќе јавно изјавија дека не им паѓа на ум да поднесат оставки, велат одговараат пред претседателот на партијата, Арбен Таравари и дека се на неговата страна, а не се бара разрешување на министерот за правда, Кренар Лога, кој цврсто стои на позициите на Зијадин Села.

Алиу сподели објава од средба со Панче Тошковски, министерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што е практично споменато во ова соопштение на Алијанса за Албанците како „кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ“. Министерот Фатмир Меџити, пак, и денеска изјави дека цврсто со цела душа стои до Таравари, и како сопартиец и колега лекар и со кого е и другар и цимер за време на студиите

Претходно од името на партијата беше испратено соопштение со порака до лидерот на Беса, Биљал Касами, да не го пика носот во Алијанса за Албанците, што беше реакција на интервју дадено на Касами во кое му даде отворена поддршка на Таравари во внатрепартиската борба во Алијанса за Албанците и во кое рече дека Таравари е идеална личност за кандидат за претседател на Македонија.

Првото соопштение со печат и со потписи во име на Алијанса за Албанците беше испратено утрово, а во кое беше соопштено дека претстедателот на Централното собрание, Села, свикал состанок во сабота во 13 часот, а на кој ќе има две точки – извештај од претседателот на партијата за политичките случувања во пресрет на изборите и дебата по одлуката од претходниот состанок на партиското собрание на кое беше донесена одлуката за самостоен настап на изборикте. Според статутот, Централното собрание може и да го разреши Таравари од функцијата доколку се побара гласање за одговорност при што две третини од присутните членови на собранието ќе се изјаснат за разрешување.

Од друга страна, Таравари тврди дека е овластен од партиските органи да носи одлуки, меѓу кои и такви поврзани со иззборите и дека има потписи на поддршка од 80 од 133 членови на Централното собрание. Се наведуваат и бројни ограноци, кои според соопштенијата, му укажуваат поддршка на лидерот.

Раколот во Алијанса за Албанците кулминираше откако Таравари преку Фејсбук соопшти дека партијата ќе се приклучи на опозициската коалиција Европски сојуз за промени. Села пак, инсистира на самостоен настап, што од друга страна, се толкува како можност по изборите СДСМ и ДУИ повторно да состават влада.

Аналитичарите сметаат дека Алијанса за Албанците може да биде јазичето на вагата по изборните резултати, односно без неа ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ да не можат да состават Влада. Или пак, да ја состават, имајќи предвид дека непишаното правило Влада да составуваат победник со победник повеќе не важи, откако ДУИ го прекрши кога како победник во албанскиот политички блок овозможи СДСМ, со помал број на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, да состави влада.

П.Џ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ