четврток, 12 декември 2024

Секоја земјоделска култура има потреба од вода, лошо е кога нема врнежи од дожд, предупредуваат агрометеоролозите

Изминатите денови во земјава беше претежно сончево со постудени утра. По одделни котлини имаше појава на утринска магла или ниска облачност. Овие временските услови, со подолго отсуство на врнежи, резултира со намалување на влагата во почвата што може да влијае негативно кај сите земјоделски култури, велат агрометеоролозите.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Според нив, секоја култура во различни фази од развојот има потреба од вода.

„Кај овошните видови, овој период, почетокот на ноември, е најдобар за садење садници. При есенското и зимско садење, потребно е садницата да се загрнува со 30 сантиметри почва за заштита на коренот од мраз. Големо внимание треба да се обрне и на здравствената состојба на посадочниот материјал, особено да не е заразен од карантински болести и штетници. Треба да бидат добро развиени, здрави, квалитетни садници од бараните сорти и подлоги“, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Некои доцни сорти на овошни видови, како дуњите, јапонското јаболко и калинката, се во фаза на берба.

„Овошните култури имаат потреба за вода и по бербата наесен, заради кондиционирање и презимување без оштетувања од ниски температури и заради формирање родни пупки за идната година. За постигнување висок и квалитетен принос низ цела вегетација, почвата треба да има доволно количество лесно достапна вода“, нагласуваат агрометеоролозите.

Тие порачуваат дека кај останатите култури треба да продолжи примената на потребните агротехнички мерки: наводнување, обезбедување хранливи материи за поголема отпорност кон зимски мразеви, употреба на сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики и добра здравствена состојба, употреба на квалитетно ѓубриво,…

Од денеска, според прогнозите на УХМР, времето ќе биде променливо облачно и постудено. Утре наместа се очекуваат и повремени врнежи. Минималната температура ќе се движи од -6 до 5 степени на повисоките места, а максималната ќе биде од 9 до 20 степени. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ