вторник, 8 октомври 2024

Секое дете заслужува да расте со љубов – хуманитарна кампања во Нептун

Трета година по ред компанијата Нептун Македонија ја организира кампањата „Заокружи сметка” така што им овозможува на своите потрошувачи на лесен, брз и едноставен начин да можат да помогнат на оние кои им е најпотребно – децата без родителска грижа.

Објавено на

часот

Сподели

 Во наредните три месеци, од 1 октомври до 31 декември, секој купувач ќе може да се приклучи во семејството поддржувачи на СОС Детско село – ќе може да ја заокружи својата сметка на каса и да донира со износ по свој избор во рамките на сметката.

Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за потребата за поддршка на децата од оваа ранлива група и да се поттикне индивидуалното донаторство – секој граѓанин да има можност индивидуално да делува и да допридонесе  за сигурна иднина на децата без родителска грижа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ