среда, 16 октомври 2024
Прес-конференција на Беса

Сејдиу: Посетата на Курти го разоткри хистеричниот национализам кај македонските раководители

Објавено на

часот

Сподели

„Хистеричната реакција на институциите на нашата држава, со доза на етнонационализам, а заради посета на премиер на соседна држава, е неприфатлива и е против соработката и  добрососедството. Единствен пат, врочем, и за Република Косово и за Северна Македонија е влез во Европската Унија и фокусирање на меѓудржавната соработка. Но, се чини дека стравот е на друго место.  Владата на Северна Македонија, Ковачевски – Ахмети – Пендаровски како и ВМРО  се плашат дека мобилизацијата на албанизмот ќе ги поништи шаблоните на политичката соработка со комунистичка идеологија меѓу Скопје и официјален Белград“, рече Сејдиу.

Според потпретседателот на Беса, идејата на Курти за засилена соработка на Македонија со  Бугарија, Албанија и Косово има за цел неутрализација на, како што рече, силното српско влијание кое во последните 20 години се засилува на Балканот, особено во Македонија.

„Разликата меѓу премиерот на Косово и Владата на Македонија, како што изгледа, е самиот западен концепт наспроти влијанието на српско-рускиот концепт врз нас. Затоа реакциите се толку хистерични од владетелите во Северна Македонија“, рече Сејдиу.

Тој изрази зачуденост од ладниот став на ДУИ како владејачка партија во однос на посетата на Курти и оцени дека станува збор за ставови со кои всушност челниците на таа партија ги штитат своите интереси во власта, па според тоа, како што оцени, челниците на ДУИ не се разликуваат од македонските државни раководители.

„Албанскиот фактор во Македонија има итна потреба од изработка на обединета национална платформа, со разјаснување на политичките интереси. Мора еднаш засекогаш да престане институционалното понижување кое се врши врз Албанците како граѓани од втор или трет ред во оваа држава. Овие иредентистички пристапи на македонските шефови во државата кон Албанците се неуставни, антидемократски, антиграѓански“; нагласи Сејдиу.

На новинарско прашање дали за Беса е прифатливо веење на знаме со карта на т.н. голема Албанија, Сејдиу рече дека не преземаат одговорност за публиката. 

„Косовскиот премиер во Тетово беше пречекан со сите државни знамиња и законските постапки, има фотографии и видео запис и можат сите да ги погледнат. За тоа што се случува во публиката не преземеме одговорности. Всушност, сите реакции на државното раководство беа за публиката, а не за пречекот на косовскиот премиер Курти, кој пречек беше според сите законски прописи, рече Сејдиу.

Тој прецизираше дека Општина Тетово го поканила како премиер и поради присуство на таков висок државен функционер биле поставени знамиња пред зградата. За тоа зошто не се сретнал со претставниците на највисокото државно раководство Сејдиу рече дека Курти одлучил така.

За тоа зошто не се интонирала државната химна на Македонија, Сејдиу рече дека пречекот бил пред општината Тетово и дека за други настани тој не може да зборува.

„Официјалниот прече беше со сите државни знамиња. Но, јас зборувам за пречекот во Тетово, за тој официјален дел. За друго нема да давам изјави, истакна Сејдиу.

Инаку, истакнувањето на знамето на голема Албанија на пречекот на Курти, СВР Тетово најави дека ќе се идентификуваат сторителите. До денеска за тој инцидент нема нова информација.

„СВР Тетово во координација со ОЈО-Тетово преземаат мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот“, рекоа од тетовската полиција. 

Според него, пак, „македонските државни раководители со реакциите за посетата на косовскиот премиер откриле национализам кој се криел со демократски јазик“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ