четврток, 20 јуни 2024

Седуммина приведени во Скопје, полицијата им нашла дрога

Објавено на

часот

Сподели

Притоа, кај Р.Д.(25) и кај Х.А.(32), двајцата од Р.Косово биле пронајдени три пакувања бела прашкаста материја, кај Ј.К.(37) од Гостивар била пронајдена грутчеста материја, кај З.Д.(32) од Кичево е пронадена марихуана, а кај Ц.С.(27) од Демир Капија – марихуана и грутчеста материја.

Лицата се приведени во Полициска станица Карпош и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Во Полициска станица Центар, пак, приведен е С.Г.(24) од Свети Николе, а во Полициска станица Аеродром приведен е И.Х.(20) од Скопје, затоа што при извршена контрола во угостителски објекти кај нив била пронајдена прашкаста материја. И против овие лица ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ