вторник, 15 октомври 2024

Седум пати излегуваат на протест вработените во културата, но никој не ги прима на разговор

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе е трета недела од протестот, каде ние како вработени го изразуваме незадоволството поради нашите потпросечни месечни примања. Со својот несоодветен однос, Владата ја потврди поделбата во јавниот сектор на државни органи кои се важни за неа и министерства кои треба тивко да си ја работат работата и да чекаат подобри времиња и изнаоѓање на системско решение. Ова се разбира не се однесува на функционерите, тие немаат време за чекање, криза е, платите мора да се покачат, тие тоа го заслужуваат“, рече Костовски.

Тој посочи дека со покачувањето на платите на функционерите и на платите на вработените во важни државни органи и во Собранието, се врши повреда на членот 32 од Уставот, каде е утврдено правото на соодветна заработувачка на секој вработен.

Со други зборови, како што рече, вработените од секторот култура, но и од сите останати сектори се ставаат во нерамноправна положба.

„Сакаме да ѝ порачаме на Владата дека културата секогаш била коректор на општествените процеси и дека нејзиното влијание не треба да се потценува. Можеби за Владата бројката од 200 вработени е неважна, но за потсетување, токму малите нешта имаат голема смисла и тие обликуваат целокупниот општествен контекст, додаде Костовски.

На протестот денеска поддршка дадоа и нивните колеги од Синдикатот на културните работници и СОНК. Учесниците на протестот очекуваат да се придружат и колегите од другите министерства и да дадат поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ