вторник, 8 октомври 2024
Брзо најде нов ангажман по отказот од Шкупи

Седлоски е нов тренер на Влазнија

Објавено на

часот

Сподели

Седлоски доби отказ за слаби резултати во Шкупи, откако во минатата сезона ја донесе шампионската круна на Чаир по две децении пауза, а сега Влазнија е трет негов странски предизвик на сениорско ниво, после летонска Рига и босански Широки бријег.

Тој беше тренер и на вториот тим и на младинците на Динамо Загреб, а помошник во Матерсбург пред да почне самостојна тренерска кариера, а во Македонија го водеше Хоризонт Турново, пред да дојде во Вардар како тренер, а во два мандати и како спортски директор.

Седлоски е поранешен македонски репрезентативец, кој беше прв што собра 100 настапи во црвено-жолтиот дрес, пред Горан Пандев да го надмине.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ