За пожарот синоќа информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на Фејсбук напиша дека Територијалната противпожарна единица интервенирала во полн состав од 30 пожарникари.На терен биле испратени и екипи на јавното претпријатие Комуналец, Голд Никел и шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино.
Засега нема детали за пожарот и последиците од него.